Поврзете се со нас

Репрезентација

Стигнуваат честитки по победата над Косово, РФМ ги поздрави фудбалерите: Секоја чест за борбеноста…

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на чекор до остварување на сонот на многу генерации, пласман на едно големо репрезентативно натпреварување.

Само уште една победа, против Грузија, не дели до пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната 2021 година.

По синоќешната победа над Косово на националната арена „Тодор Проески“ утрово честитки стигнаа од Ракометната федерација на Македонија од каде во минатото најмногу не радуваа со своите спортски успеси.

– Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против селекцијата на Косово.

– Секоја чест за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот.

– Момци со Вас сме !

– Со срце за Македонија, -стои во објавата од Ракометната федерација на Македонија.

Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против…

Posted by Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница on Петок, 09 октомври 2020

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни