Поврзете се со нас

Македонија

Стамениќ e последно зимско засилување за Брера Струмица

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Македонскиот фудбалски прволигаш, Брера Струмица од денеска е посилен за српскиот интернационалец, Урош Стамениќ.

Стамениќ е играч кој може да покрие повеќе позиции во редот за врска од крилните до централните места, а во новата средина доаѓа од ИМТ Белград за кого во есенскиот дел одигра 16 натпревари во кои постигна еден гол и забележа една асистенција.

-Доѓањето на Стамениќ за нас значи 99% завршен преодниот рок. Може да се очекува уште едно ново засилување но ќе видиме, -порача генералниот директор на клубот, Јован Симиќ.

Урош во досегашната кариера има настапувано уште за Војводина, Пролетер, Борац Чачак и Златибор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни