Шпанија
Среќата му се насмевна на Симеоне: Елче утна пенал во 91. минута, Атлетико освои големи три бода (Видео)
Атлетико Мадрид пројде низ „иглени уши“ на гостувањето кај Елче кој се бори за опстанок, откако домаќините пропуштија колосална шанса за израмнување при истекот на 90-та и почетокот на судиското надополнување.
„Душекџиите“ одиграа фантастична прво полувреме во кое им беше поништен еден гол и еден пенал, но сепак голот на Љоренте беше регуларен и ја направи главната разлика по првите 45 минути, во кои се доби впечаток дека гостите треба да имаат најмалку два гола предност.
Во вториот дел, како по традиција, Чоло Симеоне се одлучи да ја брани минималната предност, натпреварот комплетно го „умртве“, но на крајот ќе добиеше жестока казна, која сепак не доби егзекуција поради утката на Фидел.
Фудбалерот на Елче доби шанса да изведе најстрога казна откако Љоренте играше со рака во својот шесенаесетник, но на крајот го погоди само дирекот во 91-та минута и ги разочара своите соиграчи, а од друга страна, го израдува Симеоне.
Облак беше со двете нозе надвор од гол линијата, на судијата и одговорните во ВАР собата не го повторија пеналот, бидејќи голманот немаше интервенција откако Фидел шутираше директно во дирекот. Со новите три бода, Атлетико освои драгоцени три бода во битката за титулата, па пред дуелите на Реал и Барса од ова кола, има предност од плус пет на табелата.
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет15 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП6 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија7 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра