Игри на среќа
„Спорт Лаиф“ реализираше донација од 4 милиони денари

Денеска, беше претставен комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари – донација на компанијата „Спорт Лаиф обложувалници“.
Проектот започна во 2024 година и опфати целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. Оваа година, „Спорт Лаиф“ обезбеди дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата беа обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерење на гликемија.
– Покрај реновирањето на холот, на собите на пациентите и на болничкиот персонал, решивме да направиме дополнителни напори просторот да го опремиме и со нов медицински мебел, кој ќе создаде подобри услови за постоперативните пациенти. Сметаме дека тоа беше неопходно за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство. Како општествено одговорна компанија, тука сме да го дадеме својот придонес за развој на општеството, и за поддршка на хуманите цели,- изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Спорт Лаиф“.
– Со оваа интервенција, капацитетот на одделот за постоперативна нега на пациентите, на површина од скоро 400 м2 е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од одделот за висцерална и абдоминална хирургија. Опремените простории со нов и модерен медицински мебел и опрема, ќе овозможат подобрени болнички услови за нивна нега и лекување. Нашата клиника е меѓу институциите со долг историјат и традиција и проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди се добредојдени и во иднина. Во име на целиот персонал, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании, – изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
„Спорт Лаиф“ обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка и реализација на проекти во областите на здравството, спортот и други општествени и хуманитарни цели.
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет11 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)