Англија
„Спорт Клуб“ го обвини Вучиќ дека преку државниот телеком ги купил ТВ-правата за Премиер лигата!

Компанијата „Јунајтед Груп“ издаде соопштение до медиумите по повод последниот настан, во кој тие обвинуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил инволвиран во зделката која на крајот завршила со договор за „Телеком Србија“.
Во соопштението се става акцент дека оваа компанија има деловен раст од 300% во однос на претходната година и вработува 14.365 луѓе, но дека не можела да понуди повеќе од 35 милиони евра за правата за пренос на територија на поранешна Југославија.
– И таа бројка беше преголема и нереална и условена од нелегалната конкуренција на државниот и приватниот капитал, што е апсолутно невозможно и забрането во земјите на Европската Унија,- се вели во соопштението.
„Јунајтед Груп“ најави дека ќе се жали до сите релевантни институции во Србија и Европската Унија.
– Уште една година имаме право да пренесуваме натпревари од Премиер лигата на каналот „Спорт клуб“. Премиер лигата има свои внатрешни правила за правично однесување, особено во областа на финансирањето. Убедени сме дека се уште ништо не е конечно со правата за англиската Премиер лига.
На крајот од соопштението, тие го покануваат Вучиќ да одговори на повеќе прашања, меѓу кои и купувањето на ТВ-правата за преносите и од други лиги по баснословни цени, и тоа 23 милиони за правата на преноси од „Серија А“, кои претходно чинеле 5 милиони, како и 14 милиони за „Ла Лига“ наместо 8,5 милиони, и 45 милиони евра за Лигата на шампиони наместо 18 милиони., како и други спортски натпреварувања.
Дека ваквите цени немаат логика се образложува со тоа дека во регионот има 3,5 милиони претплатници на „Арена спорт“, при што каналот добива 2 евра месечно од секој претплатник. Сомнежот е дека овие зделки се на товар на буџетот на Србија, односно дека граѓаните на оваа земја „ја плаќаат разликата“ од 150 милиони евра годишно.
Во продолжение е интегралниот текст на соопштението.
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет11 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)