Поврзете се со нас

Репрезентација

Спировски: Фаворити сме, ама тоа треба да го покажеме на терен

Објавено

на

Започнува новото издание на Лигата на нации, а македонската фудбалска репрезентација на самиот старт ќе ги одмери силите со Ерменија и Грузија.

Првата е средбата со Ерменците која ја играме на 5 септември за да три дена подоцна им гостуваме на Грузијците. Ова се важни дуели за националниот состав, подготовка, генералка за тоа што наредниот месец следува во плејофот, полуфиналето со Косово.

Сепак се оди чекор, по чекор и фокусот сега е ставен на репрзентацијата на Ерменија со која во 2018 година имавме две битки во Лигата на нации, победа во Скопје и пораз во Ереван.

-Треба да го дадеме најдоброто од себе. Подготвени сме, фаворити сме, но тоа треба да го покажеме на терен. Да одиграме како што треба за дресот со националниот грб, -порача членот на АЕК Ларнака, Стефан Спировски.

Изјава – Стефан Спировски

Стефан Спировски: “Треба да го дадеме најдоброто од себе. Подготвени сме, фаворити сме, но тоа треба да го покажеме на терен. Да одиграме како што треба за дресот со националниот грб…“#НапредМакедонија | #СегаЕНашеВреме | #МКД

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Dienstag, 1. September 2020

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни