Поврзете се со нас

Англија

Солскјер: Веќе разговарав со Кавани за неговата иднина, му ветив една работа

Објавено

на

Единсон Кавани блескаше во незаборанвата ноќ на „Олд Трафорд“ и со два гола едно по друго го најави сензационалниот пресврт на Манчестер Јунајтед против Рома, а потоа изнуди и пенал и изрежира асистенција до Гринвуд кој ги постави конечните 6:2 во првото полуфинале во Лигата на Европа.

Уругваецот го одигра убедливо најдобриот натпревар како играч на Манчестер Јунајтед, и тоа во ситуација кога играше од првата минута, нешто што не се случува баш многу често во Премиер лигата оваа сезона.

Токму поради тоа, Кавани размислува за заминување уште по првата сезона на театарот на соништата, но по синоќешното спектакуларно издание, со изјава се јави Оле Гунар Солскјер кој откри дека веќе прави напори за да го задржи „Ел Матадор“ во тимот.

– Пред да дојде и да ни се приклучи на тренинзите, Еди беше во аут седум месеци, не играше фудбал и тоа е долг период. Работеше напорно за повторно да биде фит, имаше и ситни повреди, но сега ги покажува сите свои квалитети.

– Тој знае какво е моето чувство, знае што мислам за него. Би сакал да остане уште една година со нас, веќе зборував со него на оваа тема. Оваа година беше многу тешка, но јас му ветив дека втората ќе биде поинаква, дека „Олд Трафорд“ и Манчестер Јунајтед се поразлични со фанови на трибините. Мора да го почувствува тоа, мора да почувствува како е да се даде гол на „Олд Трафорд“ пред навивачите. Правам се за да остане, ќе видиме што ќе се случи на крајот. Вакви ноќи сигурно ќе помогнат во неговата одлука да остане уште една сезона. Тој го има потребното искуство и се истакна на важен натпревар, – посочи Оле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни