Поврзете се со нас

Шах

Собрание на ШФМ: Мерџаноски нов претседател, Богдановиќ останува во позадина

Објавено

на

Воислав Мерџаноски ќе биде нов претседател на Шаховската федерација на Македонија, откако на синоќешната седница на собранието која траеше шест часа доби гласови од 18 клубови, наспроти 12 гласа за противкандидатот Оливер Деркоски.

Мерџаноски беше член на досегашниот Управен одбор и беше кандидат на клубвите кои досега му даваа поддршка на Саша Богдановиќ.

Досегашниот претстедател претходно достави изјава за своја оставка, а во говорот на собранието посочи дека „не сакал да биде пречка“ за федерацијата да продолжи да добива пари од ресорното министерство. Тој се предложи себе си во работното претседателство и ја водеше седницата до крајот, иако во моментот кога беше констатирана оставката, беше побарано тој да се повлече.

Од Богдановиќ беше побаран изветштај за досегашното работење, бидејќи дел од делегатите му забележаа дека постои само писмен дел околу оставката, за што досегашниот претседател поднесе усмен извештај, претежно читајќи ги наводите од неговото писмо, но во таа прилика дополни дека во последните две години биле обезбедени спонзорства во вкупен износ од 46.000 евра за 2023 година и 52.000 евра за 2024 година. Околу негативното финансиско салдо посочи дека се појавило поради ненаплатени, а очекувани средства од Министерството за спорт.

На седницата беше појаснето дека во материјалите за финансиското работење немало извештај од Надзорниот одбор бидејќи на претходното собрание претседателот на тоа тело поднел оставка и не бил избран друг, ниту била свикана седница. Беше поставено прашање за исплата на заостанати долгови кон судиите и учесниците во репрезентациите кое според дискутантите траело подолго време.

Богдановиќ беше предложен и изгласан во иднина да биде дел од Надзорниот одбор на ШФМ, откако во својот говор посочи дека би сакал да остане и да биде вклучен во натамошните активности.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни