Македонија
Скопско дерби во полуфиналето на Купот на Македонија

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за завршните турнири во Купот на Македонија.
Фајналфор турнирот кај мажите се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид и тоа на 31 мај и 1 јуни. Познати се полуфиналните парови, па така во ова фаза ќе имаме скопско дерби, скопска пресметка меѓу бранителот на пехарот Алкалоид и Вардар 1961.
Овие два тима први ќе излезат на теренот и тоа од 17 часот, додека пак во втората полуфинална битка ги имаме Еурофарм Пелистер и домаќинот ГРК Охрид. Таа средба ќе се игра во вечерниот термин од 19:30 часот.
Кога се во прашање пак дамите, турнирот на кој ќе се бара Куп шампионот ќе се игра во Радовиш.
Полуфиналните парови се Ѓорче Петров-Вардар и Чаир-Металург.Оваа фаза ќе се игра на 30 мај, финалето пак е еден ден подоцна.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)