Поврзете се со нас

АТП

Сите беа во шок: Реакцијата на Федерер по малерозната повреда на Димитров (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Григор Димитров потсети на своите најдобри денови со двата сета кои ги одигра против Јаник Синер, а кога се чинеше дека е на чекор од четвртфинале и нова голема сезнација на Вимблдон, Бугаринот уште еднаш доживеа огромен малер.

Димитров го повреди рамото и при големо водство мораше да се откаже поради повреда на петти последователен грен слем турнир, статистика која едноставно не се памети во тениската Опен ера.

Григор беше максимално депримиран од непосакуваниот крај и со солзи во очите му подаде рака на Синер, а во неверица остана и најголемиот шампион во Ол Ингланд клубот, Рожер Федерер.

Швајцарецот го следеше мечот од свечената ложа, а неговата сериозна фаца во моментите кога Димитров побара лекарска помош доволно говореа за шокот кој настана на централниот терен.

Иако Григор накратко замина до соблекувална за да добие медицинска помош, Бугаринот многу брзо се врати на теренот и му подаде рака на Синер, што автоматски значеше дека го предава мечот во кој водеше со 2:0 во сетови (во третиот беше 2:2).

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни