Поврзете се со нас

АТП

Синер режираше слатка одмазда и го надигра Алкарас во финалето на Вимблдон

Објавено

на

Фото: https://x.com/Wimbledon

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос Алкарас во ситуација кога не реализираше меч топки во финалето на Ролан Гарос, но еден месец подоцна, светскиот рекет број еден докажа дека ги оставил лошите спомени далеку зад себе.

Италијанскиот тенисер влезе како благ аутсајдер во своето прво вимблдонско финале, но со прикажаната игра на централниот терен, дефинитивно ги демантираше експертите и покажа дека знае да победува и на трева.

Карлос Алкарас беше во брутална форма и имаше 20 последователни победи на Вимблдон, меѓутоа денеска немаше решение за разиграниот Синер, дури и во ситуација кога имаше 24 победи во низа во изминатите два месеци.

Алкарас својата најдобра серија во денешното финале ја имаше во завршницата од првиот сет кога со 4:0 стигна до 6:4 и предност од 1:0 во сетови, но во моментите кога Синер почна да го пронаоѓа својот прв сервис, сите работи на теренот зависеа од него.

Јаник значително го подигна нивото на сервис и со доминантен тенис беше за нијанса подобар во сите наредните три сета, па за нешто повеќе од три часа игра ја освои првата титула на најпрестижниот тениски турнир.

Севкупно гледано, за Јаник ова е четврта титула на грен слем турнирите, а сатисфакцијата ќе биде уште поголема ако се знае дека тој е тенисерот кој му го нанесе првиот пораз на Алкарас во грен слем финалињата.

Исто така, не треба да се заборави дека Јаник беше во негативна серија од пет последователни порази од Алкарас пред ова финале, па тоа доволно говори и за психолошката стабилност на Италијанецот денеска во Ол Ингланд клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни