Поврзете се со нас

АТП

Синер разочаран како никогаш досега: Нема да спијам добро вечерва

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Јаник Синер имаше се на своја страна по речиси четири одиграни сета против Карлос Алкарас, но тенисот уште еднаш ни покажа дека еден или два поени можат да направат драстична разлика и да сменат целосен тек на едно финале.

Италијанецот имаше предност од 2:1 во сетови, водство од 5:3 и три меч топки во низа на сервис на Алкарас (0:40), меѓутоа кога изгледаше дека е блиску до првиот трофеј на Ролан Гарос, следеше чудо во режија на бранителот на титулата.

Алкарас освои пет поени по ред и потоа направи брејк за 5:5, а во продолжение психолошката предност беше на неговата страна и излезе како победник во најдолгото финале во историјата на Френч Опен.

Мечот кој траеше 5 и пол часа му го донесе најтешкиот пораз на Синер во неговата кариера, па нормално е тоа што Италијанецот беше крајно разочаран и прилично краток при обраќањето од теренот.

– Карлос, честитики за големиот успех. Ова е неверојатен успех, честитки до тебе и твојот тим. Го заслужива ова, уште еднаш ти честитам.

– Навистина многу полесно е да се игра, отколку да се зборува. Благодарност до мојот тим кој ме стави во оваа позиција. Одигравме најдобро што можевме, ова беше неверојатен турнир. Навистина ми е многу тешко во овој момент, знам дека нема да спијам добро вечерва, но тоа е тоа. Благодарност до организаторите, до физиотерапевтите, до дечињата кои собираат топки и до публиката. Ви благодарам, се гледаме догодина, – изјави Синер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни