Поврзете се со нас

АТП

Симпатична сцена од свечената церемонија: Рафа Јуниор се запозна со најголемите ривали на неговиот татко (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Рафаел Надал доживеа незаборавни емоции на центарлниот терен на Ролан Гарос и со солзи во очите ги проследи изненадувањата кои му беа режирани, но во финишот од чинот, шоуто го украде и неговиот наследник кој има речиси три години.

Рафаел Надал Јуниор заврши во рацете на својот татко и имаше можност да ја отпоздрави публиката во Париз, а набрзо после тоа, се запозна и со најголемите ривали на „кралот на земјата“.

Федерер, Ѓоковиќ и Мари го чекаа Надал во тунелот кон соблекувалните на тенискиот комплекс во Париз, при што Рафа како учтив татко го натера својот син да им подаде рака на сите присутни.

Симпатичната сцена брзо беше споделена од официјалниот профил на Ролан Гарос, а истата секако предизвика многу позитивни реакции на социјалните мрежи.

Трите големи ривали се погрижија Надал да добие испраќање каков што заслужува од турнирот на кој испиша историја, па четворицата вчера режираа неколку фотографии за паметење и за тениските анали.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни