Поврзете се со нас

Македонија

Симовски за квалитетот на женскиот ракомет: Мораме да бидеме критични, треба да почнеме од минус нула

Објавено

на

Тимот на ЖРК Ѓорче Петров беше доминантен и ја освои двојната круна во нашиот ракомет.

Актуелниот првак прво ја одбрани титулата во шампионатот, а претходниов викенд на завршниот турнир во Радовиш дојде и до Куп титулата откако оствари две убедливи победи над Вардар и Чаир.

Со ова беа остварени целите на клубот кој е предводен од човекот кој долго време е на нашата сцена и пред се женскиот ракомет, Симе Симовски.

-Поставивме цели кои требаше да се исполнат на три фронта, домашното првенство, Купот и Европа. Во Лига Европа одигравме едно коло, несреќна елиминација од шведскиот претставник. Се насочивме кон домашниот шампионат, добра екипа, ростер на играчи, девојките растеа без разлика на тоа што имавме 9-10 нови играчи што требаше да се вклопат во самиот систем. Добро испловивме и таа цел се одработи. Купот сите екипи сакаат да го освојат со тие изреки дека нема фаворити, нормално е сите тимови да се стремат кон победи. Меѓутоа ние не дозволивме Купот да избега од нашите витрини и тука девојките беспрекорно си ја завршија работата, -истакна Симовски кој говореше за квалитетот на домашното првенство.

-Искрено, само говориме дека треба да се крене квалитетот, мораме да бидеме критични и самокритични, треба да почнеме од минус нула. Потребно е кај пионерските екипи да нема 10, туку 30 екипи во Македонија. И од тие 30 да почнеме на квантитет, па да вадиме квалитет, да излезат кадетки, младинки и потоа да тропаат на сениорска врата, -рече предводникот на Ѓорче Петров за „Спортското радио 90,3 фм“.

Комплетниот разговор можете ТУКА да го слушнете.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни