Поврзете се со нас

Македонија

Силекс поуспешен во пенал рулетот, прва куп титула за кратовчани по 1997 година

Објавено

на

Екипата на Силекс е освојувач на 28. издание на фудбалскиот Куп на Македонија откако славеше против Академија Пандев по подоброто изведување на пеналите.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник (0:0) и беше далеку од допадплив, нешто што не е вообичаено за еден финален натпревар.

Во продолжението видовме неколку шанси, но повторно играчите не можеа да го пронајдат патот до мрежата, па се замина на изведување на пеналите.

Клубот од Кратово беше посупешен откако играчот на Акдемија Пандев, Велиновски не го искористи клучниот пенал биејќи во гредата од голот. Претходно Божиновски (Силекс) и Јовановски (Академија Пандев) им ги скротија ударите на Ѓорѓиев односно Димоски.

По оваа победа клубот од Кратово кој се  уште не е сигурен прволигаш за следната сезона и в година ќе игра во Европа, овојпат во новоформираната Конференциска лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни