Поврзете се со нас

Македонија

Силекс дојде до важна победа во борбата за опстанок

Објавено

на

Фудбалерите на Силекс славеа над Академија Пандев со 3-2 во премиерниот натпревар од 29. коло во првата македонска лига.

Ова за клубот од Кратово е исклучително важна победа, три бода во битката за опстанок во елитната домашна конкуренија. Избраниите на Симов одиграа квалитетно прво полувреме во кое си обезбедија предност од 2-0 со погодоците на Тантуровски и Манасиевски.

Во вториот дел доста време беше мирно за да од 76 до 83 минута паднат два гола. Прво Ѓоргиев зголеми на 3-0 за да гостите одговорат преку Радески и Димоски и го напрват финишот повеќе од интересен. За среќа на домаќините немаше промена на резултатот, па дојдоа до триумф со кој дојдоа на 9 место на табелата со 32 поени.

„Пандевци“ со 34 се на 7 позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни