Македонија
Шкендија со победа ја потврди титулата во ПМФЛ, неверојатна драма во Ѓорче

Тимот на Шкендија и официјално е нов шампион на Македонија, успех кој го заокружија, потврдија со победата над Борец во Тетово од 3-1.
„Црвено-црните“ проработеа во вториот дел и тоа во периодот од 62 до 69 минута кога трипати ја начнаа мрежата на гостите од Велес преку Мурати, Ибраими и Хебај со што го избришаа автоголот што во првиот полувреме си го даде репрезентативецот Бејтулаи.
Ова за Шкендија е четврта титула во нивната историја.
Во Ѓорче пак бевме сведоци на луд меч во битката за Европа, драма која чудесно успеаа да ја доби Струга ТЉ.
Домаќините поведоа во финишот на првото полувреме со голот на Да Силва од пенал. Во вториот дел гостите останаа со играч помалку, но тоа не ги спречи да пристискаат и 84 и 90 минута преку Алтипармаковски и Босанчиќ се изборија за пресврт.
„Лавовите“ го возвратија ударот и со голот на Алексовски дојдоа до 2-2, меѓутоа кога сите помислија дека тоа е се од средбата во Скопје, Алтипармаковски се избори за пенал кој самиот го претвори во гол за голема победа.
Сега четата на Захариевски има само еден бод помалку од Македонија што значи завршните четири рунди ќе биде супер возбудливи.
На останатите средби Вардар дојде до исклучителен важен трумф над Беласица, Пелистер ја доби Ренова (1-0), Шкупи пак го реши Работнички со 2-0.
-
Англија8 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија10 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет15 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП6 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија14 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија7 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра