Поврзете се со нас

Балкан

Сериозни обвинувања за еден од најдобрите играчи на Звезда: Тој има лажен идентитет и има пет години повеќе!

Објавено

на

Документите на африканските фудбалери кои играат во Европа доста често знаат да се најдат „под лупа“ на јавноста и водечките институции, а сега такво нешто сигурно ќе се случи и со фантастичниот играч за врска на Црвена Звезда кој доби сериозни обвинувања од Африка.

Гелор Канга стана топ тема во фудбалската Африка и Конфедерацијата за африкански фудбал сигурно ќе мора да отвори истрага, откако од ДР Конго денеска излегоа со докази дека играчот за врска не е роден во Габон и има пет години повеќе од тоа што го прикажува со лажираните документи.

Целта на ДР Конго е Габон да биде исфрлен од Африканскиот Куп на нации поради оваа проневера со регистрирање на фудбалер со лажни документи, тврдења со кои се надополнети и со докази за вистинското име на Канга со првиот извод на родени кој потегкнува од ДР Конго.

– Гелор Канга се вика Кијаку-Кијаго Кианга и нема 30 години, туку има 35 години, – гласи сериозната оптужба од страна на фудбалската Федерација на ДР Конго.

Во веста се вели дека ДР Конго ги има доставено сите докази и документи за раѓањето на Канга до надлежните органи, а според нив, станува збор за класично фалсификување на идентитетот за да добие дозвола да игра за Габон.

Според нивните тврдења, фудбалерот на Црвена Звезда се преселил во Габон на свои 22 години, но потоа добил лажни документи и лажен документ каде бил претставен како тинејџер од 17 години, со цел експресно да се најде во потесниот круг за селектирање од страна на фудбалската Федерација на Габон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни