Репрезентација
Селекторот Ангеловски остана без двајца играчи пред гостувањето во Грузија
Македонската фудбалска репрезентација вчера успешно го положи првиот испит во новото издание на Лигата на нации, натпрвар на кој Игор Ангеловски за жал успеа да загуби еден од стартерите во пресрет на втората пресметка која следи, гостувањето во Тбилиси.
Кире Ристевски го заврши со повреда вчерашниот меч против Ерменија во Скопје, па сега нема да му стои на располагање на селекторот Ангеловски за натпреварот против Грузија.
Дефанзивецот има истегнување на десниот бутен мускул и ќе мора да паузира извесно време, а од Федерацијата соопштија дека за дуелот со Грузијците отпаѓа уште едно име.
Иако се очекуваше Иван Тричковски да заздрави и да ја залечи повредата поради која го пропушти вчерашниот меч, на денешниот последен тренинг пред пресметката со Грузија стана јасно дека нема да може да отпатува за Тбилиси.
Напаѓачот има хематом на левата натколеница и овој септемвриски репрезентативен циклус за жал ќе го заврши без минутажа на теренот.
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Свет24 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Шпанија21 час
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него
-
Англија24 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства10 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)