Репрезентација
Сејдини: Со победите ја донесовте најголемата вредност, jа вративте надежта и радоста во секое наше семејство

Македонија го победи Косово (2-1) и дојде на чекор од пласман на Европското првенство, а по тој повод како и по одличната партија на младите против Казахстан (4-1), првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини упати честитка до сите актери за остварените резултати.
–Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство.
Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на оваа генерација.
Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство.
Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал.
Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да станат стварност со многу труд и посветеност“.
Напред Македонија!
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал