Репрезентација
Сејдини: Горди сме на нашите две репрезентации и остварените резултати, се радуваме на следните предизвици

Македонската А фудбалска репрезентација и селекцијата до 21 година во изминативе денови имаа настапи на меѓународната сцена во Лигата на нации и квалификаците за Европското првенство.
На овие средби остваривме позитивни резултати, сениорите освоија четири бода од дуелите со Ерменија и Грузија, додека пак младите претрпеа минимален пораз од Шпанија со погодок од пенал и слабеа над Фарски Острови со 2-1.
Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини по овие случувања, настани се огласи со соопштение во кое испрати честитки за репрезентативците, но воедно има се заблагодари на сите што беа вклучени во организацијата на натпреварите.
Ова е соопшението на претседателот на нашата федерација:
– Поставивме високи стандарди кои се однесуваат на епидемиолошките мерки и упатуваме благодарност, пред сѐ, затоа што сите ги почитуваа мерките и препораките од здравствениот протокол.
Навистина е штета што публиката и навивачите на македонската репрезентација не можеа во живо да ги гледаат натпреварите против Шпанија и Ерменија, но мораме да бидеме одговорни и во целост да го спроведуваме државниот здравствен протокол, сѐ со цел најскоро што може да се вратиме на нормалниот живот.
Навистина сме горди на нашите две репрезентации, на фудбалерите, стручниот штаб и сите кои се вклучени во работата на репрезентациите. Покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација. Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици.
Фудбалската федерација на Македонија, исто така, во рамки на своите можности и се разбира доколку тоа од нас го побараат одговорните од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се стави во функција за подобрување на квалитетот на теренот на Националната арена, иако сосема ни е јасно дека во услови на многу натпревари и тренинзи во краток временски период, луѓето кои се одговорни за одржување на теренот дадоа сѐ од себе за негово одржување.
Напред Македонија!
Муамед Сејдини, претседател на Фудбалска федерација на Македонија
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија16 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП23 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…
-
АТП14 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)