Конференциска лига
Седлоски: Да ми понудеа ваков резултат пред мечот, сигурно ќе прифатев!

Екипата на Вардар имаше одличен кам-бек на европската сцена со убедлива победа над Ла Фиорита во првата квалификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА.
Македонскиот претставник славеше со 3-0 на средбата која се одигра во Скопје, меч на кој „црвено-црните“ доминираа и дефинитивно можеа и повеќепати да ја затресат мрежата на ривалот, но сепак тренерот Гоце Седлоски е задоволен од прикажаното и остварениот резултат.
-Честитки до играчите, првиот дел беше во грч, затоа што некои играчи играат вакви мечеви за прв пат. Овие ривали се доста незгодни ако не им дадеш гол. Задоволен сум од вториот дел, измените направија разлика и заслужено победивме. Во последните петнаесет минути имавме и повеќе шанси кои во иднина мора да користиме. Некој да ми понудеше 3-0 пред мечот, сигурно ќе прифатев. Доста играчи од овие не беа во целост на подготовките. Новите играчи допрва треба да се докажуваат. Знаеме колку тежи дресот на Вардар. Генерално сум задоволен од тимот и од изданието. Сите кои одиграа го дадоа максимумот“, изјави Седлоски.
Реваншот во Сан Марино се игра на 17 јули.
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија10 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет15 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП6 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија7 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра