Германија
Салихамиџиќ го договори Нагелсман, па ја искоментира работата на Флик
Хасан Салихамиџиќ на крајот ја преживеа и ја доби интерната „војна“ со Ханси Флик, па при објавувањето на веста дека Јулијан Нагелсман и официјално ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, популарниот Брацо излезе со коментар за работата на се уште актуелниот тренер.
Салихамиџиќ како спортски директор на тимот учествувал и во преговорите за ангажман на талентираниот и перспективен 33-годишен стручњак, но покрај тоа што очекува забавна соработка со новиот тренер, имаше коректни зборови и заработат на Флик кој испиша историја како тренер на Баерн.
– Преговорите со Јулијан беа многу кооперативни, многу брзи и конструктивни. Од тоа што веќе го видов, сигурен сум дека ќе имаме многу забава со него како тренер, – изјави Брацо, кој потоа се насочи кон Флик.
– Сакам да му искажам огромна благодарност на Ханси Флик. Откако ја презема функцијата прв тренер пред една и пол година, заедно прославивме толку многу победи и титули.
– Тројната круна во 2020-та година за мене е хајлајт на неговата работа во Баерн. Овој успех е историја, секогаш ќе стои зад неговото име и никој не може да го поништи. Му посакувам се најдобро во иднина, – вели Брацо.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него