Македонија
РК Бутел верува во стабилниот проект: Кузманоски ја продолжи верноста со нов договор

РК Бутел повторно е дел од плејоф разигрувањето во Суперлигата и продолжува со позитивниот континуитет кој го наметна, а најзаслужен за тоа во последно време е Горан Кузманоски.
Во својата втора сезона во скопскиот клуб, Кузманоски повторно ги задоволи апетитите на водечките луѓе на клубот, па денеска беше награден со нов двегодишен договор, според кој ќе остане во Бутел до 2027-ма година.
Концептот на клубот останува ист како и досега, односно се оди на промоција и форсирање на млади македонски ракометари, како и по некој искусен и странски ракометар на дефицитарните позиции.
– Ќе се потпираме пред сѐ на македонски ракометари, особено на млади играчи кои се иднината на нашиот клуб и на македонскиот ракомет воопшто. Ќе се засилиме со најмногу двајца странски играчи, но само на позиции каде што моментално немаме соодветни домашни решенија.
– Нашите младински категории веќе подолго време покажуваат сериозен квалитет – бевме кадетски шампиони, а сега младинците завршија на високо трето место. Тоа е доказ дека системски се работи и дека талентот е тука. Нашата амбиција останува иста – и во следните две сезони сакаме да бидеме дел од плеј-офот и да продолжиме со развој на еден стабилен и конкурентен тим, – изјави Кузманоски.
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)