Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски покажа и други квалитети надвор од теренот: Го „искина“ тапанот по победа над Косово, со коментар се јави и Бруно Фернандеш (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија вчера славеше голема победа и сега е на чекор до историски успех и само една победа ги дели фудбалските пулени на Игор Ангеловски до пласман на континенталниот собир.

По победата против Косово, игрчаите и целиот стручен штаб ја започнаа забавата во соблекувалните, а потоа истата со песни и ора продолжи пред хотелот во кој беа сместени репрезентативците.

Еден од најдобрите поединци на вчерашниот натпревар, Стефан Ристовски, освен фудбалските, покажа и други квалитети.

Имено, десниот бек кој беше креатор и на првиот гол на средбата во раце зеде тапан и на тој начин ги забавуваше своите соиграчи следејќи го ритамот кој го даваа музичарите пред хотелот.

На видеата кои одеа во живо на Инстаграм, со свој коментар се јави и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, поранешен соиграч на Ристовски, Бруно Фернандеш кој му порача на Ристовски дека прави многу врева.


Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни