Поврзете се со нас

Македонија

Ристевски доби повик за ЕП, па го реши клупското прашање (Фото)

Објавено

на

МАкедонската колонија на Кипар и официјално беше продолжена ова попладне, откако пристигна потврда дека уште еден наш репрезентативец ќе настапува во најсилното натпреварување во оваа земја наредната сезона.

Игор Ангеловски еден час претпладне го соопшти официјалниот список за Европското првенство и во истиот се најде дефанзивецот Кире Ристевски, кој сега за континенталниот турнир ќе се подготвува како член на нов клуб.

Одбранбениот играч досега настапуваше за унгарски Ујпешт, но денеска пристигна официјална информација дека во наредните две сезони ќе ги брани боите на АЕЛ Лимасол.

Клубот од Кипар му посака добредојде на македонскиот репрезентативец, а во веста која ја објави стои информација дека договорот може да биде продолжен за дополнителна година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни