Европски купови
РФМ излезе со официјален став за скандалот во Скопје и побара од ЕХФ да се придржува до своите правила и регулативи (Фото)

Тоа што требаше да претставува ракометен празник за играчите и навивачите на Алкалоид се претвори во една невкуспна спортска лакрдија во Скопје, од едноставна причина што гостите од Грција решија да го бојкотираат финалето во Европскиот Куп на ЕХФ.
По барање на своите навивачи, ракометарите на АЕК не излегоа на теренот и не ја удостија македонската публика со респект каков што заслужува, па во ситуација кога поради гостите не се создадоа услови за играње ракомет, организаторот на натпреварот им порача на фановите да се упатат кон своите домови.
Конечната одлука за разврската на овој скандал ќе ја има Европската ракометна Федерација, а РФМ како најважно тело во нашиот ракомет побара да се пристапи според правилата и регулативите, што во превод би требало да значи службена победа за македонскиот тим.
– Ракометната Федерација на Македонија со жалење ја информира јавноста за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
– Натпреварот не се одигра откако тимот на РК АЕК одби да излезе на теренот. Според информации со кои располага федерацијата, причината за оваа одлука на гостинскиот тим е поврзана со бројот на навивачи од Грција кои допатуваа во Скопје, и покрај тоа што за гостинскиот тим беа одобрени 200 влезници, значителен број навивачи бараа пристап на трибините без обезбедени билети.
– По повеќе од 30 минути неизвесност и чекање, организаторите беа принудени да го одложат натпреварот, поради отсуството на едниот тим на теренот. Со ова, спортскиот дух и фер-плеј беа сериозно нарушени, а публиката и македонскиот ракомет беа лишени од едно финале на кое долго се чекаше.
– Ракометната Федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување, кое е спротивно на правилата и регулативите на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учеството во натпреварувањето организирано под капата на ЕХФ.
– Во таа насока, очекуваме ЕХФ да донесе праведна одлука која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и фер односот кон клубовите кои ги почитуваат правилата. Истовремено, изразуваме целосна поддршка на РК Алкалоид, кој покажа максимална спортска подготвеност и професионален пристап. Убедени сме дека нашите клубови, навивачи и сите засегнати страни заслужуваат фер и транспарентен третман. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија, – гласи соопштението.
-
Англија11 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет19 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП9 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства4 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Светски првенства5 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија19 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Италија17 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)