Евролига
Реал со „стотка“ против Баерн, Фенер во Тел Авив ја прекина лошата резултатска серија (ВИДЕО)
Кошаркарите на Реал Мадрид ја остварија втората сезонска победа во Евролигата и тоа против тимот на Баерн Минхен кого го совладаа на домашен терен со 100-82.
Домаќините беа решени да ги „избришат“ неуспесите против Милано и Барселона, односно да се вратат на победнички патеки, цел која успеаа да ја исполнат со квалитетна игра од почетокот до крајот.
Пет играчи на „кралевите“ беа двоцифрени, Керол беше лидер со 19 кошеви, додека Томпкинс застана на 16 поени и собра 7 скокови.
Фенербахче пак ја прекина серијата од три порази и тоа во Тел Авив кај Макаби. Турскиот тим одигра одлично во вториот дел, направи пресврт и се радуваше на триумф од 75-65.
Мухамед и Де Коло искомбинираа 30 поени и со тоа ја поништија одличната партија на Вилбекин кој реализираше 23 кошеви на спротивната страна.
На останатите два меча, ЦСКА Москва ја надигра Валенсија со 84-75, додека литвански Жалгирис како гостин славеше над Асвел со 83-74.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него