Шах
Реакција на ЗНМ до Шаховската федерација: Да се обезбеди професионален однос кон медиумите!

По објавување на коментарот на „Дерби“ за случувањата за време на собранието на Шаховската федерација, каде што единствен присутен новинар беше известувачот од нашата редакција, а од работното претседателство му беше извршен притисок да не снима, со своја реакција се јави и Здружението на новинарите на Македонија, преку Секцијата на спортски новинари.
– Секцијата на спортски новинари при ЗНМ изразува сериозна загриженост и упатија реакција до Шаховската федерација на Македонија, Министерството за спорт и Македонскиот олимписки комитет, во врска со спречувањето на извршувањето на работните обврски на новинарите од страна на претставници на Федерацијата. Сметаме дека новинарите и медиумските екипи имаат право да присуствуваат на јавни настани и да ја информираат јавноста за случувањата во шаховскиот спорт. Обидите за оневозможување на снимање, како и посредните закани кон новинарот Александар Табаковски од редакцијата на „Дерби“, ги сметаме за неприфатливи и спротивни на принципите на транспарентност и слобода на информирање.
ЗНМ освен својата реакција понуди и правна помош, потсетувајќи дека Законот за медиуми гарантира право на медиумите да известуваат од настани за значење на спортската јавност.
– Овој инцидент ја нарушува долгогодишната добра соработка помеѓу медиумите и Шаховската федерација на Македонија, а истовремено претставува обид за ограничување на пристапот до информации од јавен карактер. Потсетуваме дека Законот за медиуми гарантира право на медиумите да известуваат за настани од значење за спортската јавност, без неоправдани пречки. Во овој случај, ЗНМ му понуди правна помош на новинарот Табаковски, доколку реши да покрене соодветна постапка. Бараме ваквите инциденти да не се повторуваат и очекуваме Шаховската федерација да обезбеди професионален однос кон медиумите во иднина, во согласност со етичките стандарди и демократските принципи на слободно известување.
На споменатата седница на собранието на шаховската федерација, беше усвоен финансиски извештај со негативно финансиско салдо , без пропратен извештај на Надзорен одбор, а беше констатирана и оставката на досегашниот претседател на Саша Богдановиќ, кој го правдаше негативниот финансиски резултат со малиот износ на средства добиени од Министерството за спорт. На местото на Богдановиќ беше избран неговиот досегашен соработник и член на Управен одбор, Воислав Мерџаноски, додека поранешниот претседател доби мандат како иден предводник на Надзорниот одбор на ШФМ.
-
Англија8 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет16 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија16 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП7 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија14 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Италија8 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра
-
АТП15 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…