Поврзете се со нас

Евролига

Разиграната Барселона ја прегази Алба во Берлин (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона ја остварија најубедливата победа во првите четири натпревари од седмото коло во Евролигата.

Шпанскиот претставник беше немилосрден во пресметката против Алба во Берлин и славеше со дури 36 разлика (103-67). Барселона како што покажува самиот резултат имаше целосна контрола на играта и резултатот од самиот почеток почеток до крајот, тренерот Јасикевичиус им даде шанса на сите играчи и сите од нив успеаа да се запишат во листата на стрелците.

Прво име беше Миротиќ со 18 поени, еден помалку даде Абринес. Кај домаќините најсветла точка беше Фонтекио со 17 кошеви.

На останатите средби, Бубуа беше херој на Анадолу Ефес во триумфот над Макаби од 91-89. Французинот прво погоди за 91-89, а потоа имаше клучна „банана“ над Вилбекин во последниот напад на гостите од Тел Авив.

Зенит како гостин беше поразен од Олимпијакос од 75-66, а пак Асвел како гостин ја изненади Басконија (88-86).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни