Поврзете се со нас

Свет

Раул Хименез даде гол и му го посвети на Жота, Мексико по десетти пат го освои Голд Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/miseleccionmx

Репрезентацијата на Мексико е освојувач на трофејот во Голд Купот и тоа откако во финалето на турнирот славеше над домаќинот Соединетите Американски Држави со 2-1.

Мексиканците влегоа како благи фаворити на натпреварот во Хјустон, статус кој на крајот го оправдаа и со пресврт го одбранија трофејот, односно дојдоа до десеттиот трофеј во ова натпреварување.

Ричардс со удар со глава го отвори резултатот во 4 минута, гостите одговорија во 27 минута преку напаѓачот на Фулам, Раул Хименез.

Хименез атрактивно ја затресе мрежата на САД по што следуваше радост во стилот на Жота со што му оддаде почит на некогашниот соиграч од Вулверхемптон кој пред неколку дена го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Раул и пред натпреварот се појави со дрес со бројот 20 на кој беше испишано името на Португалецот.

Овие 1-1 беа активни до 78 минута кога капитенот Алварез се најде на вистинското место и донесе пресврт и конечно славје за избрнаиците на Агире.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни