Поврзете се со нас

АТП

Расположениот Бублик го шокираше Синер во Хале: Никогаш не сум победил светски рекет број еден (ВИДЕО)

Објавено

на

Александер Бублик е еден специфичен тенисер и тоа добро го знаат сите тениски фанови, љубилети на овој спорт, тенисер со кој забавата е загарантирана, рекет кој може секого да победи, но и од секого да загуби.

Токму вечерва имаше магичен ден и успеа да му земе мерка на најдобриот тенисер на АТП листата Јаник Синер и тоа на турнирот во Хале.

Синер пред 15 дена го разби Бублик со 3-0 на Ролан Гарос (6-1, 7-5 и 6-0), но денеска беше сосема поинаква приказна и асот кој е роден во Русија, но настапува под знамето на Казахстан се покажа во сосема поинакво светло и со 3-6 6-3 6-4 дојде до најголемата победа во кариерата.

-Ние сме тенисери и се обидуваме да победиме на секој натпревар што го играме, но ова е посебен. Никогаш не сум победил тенисер број 1 во светот. Ова е достигнување, -истакна Бублик кој испорача 36 винери вкучувајчи тука 15 асови.

Ова за Јаник е прв пораз од тенисер кој не е Карлос Алкарас од август 2024 година.

Малку фалеше да видиме и сензација во Лондон, ама Алкарас се спаси и го доби сонародникот Мунар со 2-1 во сетови со 6-4, 6-7 и 7-5.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни