АТП
Познат е првиот финалист: Алкарас ќе ја брани титулата на Ролан Гарос

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкарас обезбеди пласман во финалето на Ролан Гарос каде ќе ја брани титулата со подобриот од пресметката меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ која е на програмата од 19 часот.
Алкарас во денешното полуфинале беше подобар од Лоренцо Музети или поточно Италијанецот се одлучи да го предаде мечот при негатива од 2-1 од сетови и водство на Карлос од 2-0 во гејмови во четвртата „рунда“.
Музети имаше одличен почеток и првиот сет го доби со 6-4, потоа во вториот Алкарас двапати доаѓаше до брејк, ама експресно ја губеше предноста по што се играше тај-брејк во кој фаворитот беше на повисоко ниво со 7-3.
Од тука Карлитос почна да доминира и славеше со 6-0 во третиот сет каде Лоренцо беше се пожали на повреди и беше јасно дека не може да го покаже најдоброто од себе, издржа уште два гејма во четвртиот и реши да се повлече и да му ја честита победа на противникот.
Со ова Алкарас стана петтиот најмлад играч кој успеал да дојде до пет грен слем финалиња во Опен ерата и само трет активен машки тенисер со ваков учинок по Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет14 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП5 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија6 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра