Шпанија
Поранешниот агент на Азар: Еден го утна клубот, му се случува истото што му се случи и на Хамес
Еден Азар се врати на теренот на натпреварот против Бетис после новата подолга пауза и понуди потези кои ветуваат подобри денови за него од здравствена гледна точка, но сепак, и натаму се носат заклучоци дека неговиот трансфер во Реал Мадрид досега се покажува како вистинско промашување кога ќе се погледне статистиката од неговите две сезони со „кралскиот клуб“.
Трансферот во Реал беше огромна желба на самиот Белгиец од неговите рани почетоци на кариерата, а сега се огласи неговиот поранешен агент кој всушност направи да се реализира трансферот кој Еден го направи од Лил во Челси.
Џон Бико ја прекина врската со Азар во 2013-та година и двајцата спогодбено се разделија, но фудбалскиот агент денеска потенцира дека неговиот екс клиент направи голема утка со изборот на клубот.
– Азар направи грешка што замина во Реал Мадрид, а уште поголема грешка беше моментот кој го избра. Тоа беше одлука донесена од срце, но без многу размислување. Ако веќе одеше, требаше да оди една година порано. Пристигнувањето после Кристијано е како да се искачувате по Хималаи со голи раце.
– Луѓето не сакаат да обрнат внимание дека во Реал Мадрид се игра многу физички фудбал. Ритамот и интензитетот се навистина силно и физичката игра е во прв план. Таленти како Хамес не можеа да се адаптираат во Реал токму поради тоа. Слично е и со Азар. Тој не е играч за Реал Мадрид, тој е играч за Барселона. Требаше да оди таму, Барса е тим каде топката трча повеќе од играчите, а не обратно, – вели Бико во интеврјуто за „La Dernière Heure“.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него