Свет
Покетино: Нема да ја заборавам пораката на Мбапе додека го масираа на „Камп Ноу“
Маурисио Покетино и натаму смета дека Пеп Гвардиола е најдобар тренер во светот пред новата пресметка која ќе ја имаат во Лигата на шампионите, но во интеврјуто кое го направи пред англиските новинари, говореше и за една од двете најголеми ѕвезди кои ги има во својот тим.
ПСЖ утре ќе ги одмери силите со Сити во првото од двете полуфиналиња кои ги имаат во Лигата на шампионите, а повеќе од јасно е дека еден од клучните фактори на овој двомеч ќе биде Килијан Мбапе кој во четвртфиналето и осминафиналето беше кобен за Баерн и Барселона.
– Килијан е многу млад, но истовремено неверојатно зрел. Најважно е што има нестварна верба во својот квалитет, во талентот кој го поседува. Многу е отворен за сите, сака да разговара и да слуша совети. Исто како и Нејмар, тој е меѓу петте најдобри играчи во светот. Килијан го сака фудбалот, сака да зборува за фудбал, постојано ме прашува интересни работи. Сака да дознава работи за Англија, каков е фудбалот таму, ме прашува и за Шпанија и Аргентина.
– Постојано гледа натпревари од Англија, Франција, Италија и Германија. Фантастично е да се работи со таков фудбалски фанатик, стварно е посебно да работите со неверојатен талент кој толку го сака фудбалот, – вели Покетино кој вели дека никогаш нема да ја заборави пораката која ја добил пред првото осминафинале со Барселона на „Камп Ноу“.
– Имавме конверзација во соблекувалната додкеа го масираа. Го прашав дали некогаш играл на овој стадион, а тој ми возврати со прашање. Ме праша дали некогаш сум победил на „Камп Ноу“. Секако, ми одговори и дека не играл, а јас му објаснив дека имам победено само еднаш со Еспањол. Потоа ми го кажа следното: Сега ќе победиш и вторпат. Го прашав колку е сигурен во тоа, а тој ми рече да не се грижам. До толку беше самоуверен, а откако победивме 4:1, сериозно се приближи до мене и ми порача „Ти реков дека ќе победиме, ти реков“, – се потсетува Аргентинецот.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал