Поврзете се со нас

Балкан

Пикси: Во Србија има многу лажни легенди, но Митровиќ е вистинска легенда!

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Србија ја надигра Андора на домашен терен и освои три бода по ремито со Албанија во Тирана, натпревар на кој уште еднаш видовме зошто Александар Митровиќ важи за најдобар голгетер во историјата на српската репрезентација.

Популарниот Митро-гол беше расположен за игра и постигна хет-трик на натпреварот кој се одигра во Лесковац, а значењето на трите погодоци беше уште поголемо ако се знае дека ова беше негов јубилеен 100-ти настап за репрезентацијата.

Поради импресивниот податок и трите постигнати гола, Митровиќ доби и специјален подарок од Федерацијата по средбата која заврши со резултат 3:0, но доби и голема пофалба од Драган Стојковиќ.

Пикси како селектор на Србија имаше можност да види повеќе генерации фудбалери, а според него, Митровиќ е една од оние вистински фудбалски легенди на српскиот фудбал.

– Ова беше вечер на Александар Митровиќ и мило ми е за тоа. Тој влезе во легендите на српскиот фудбал. Вака се влегува во клубот на вистински легенди. Во Србија има многу лажни легенди, но Митровиќ е вистинска легенда. Одигра 100 натпревари за националниот тим, а за време на тој јубилеј постигна три гола. Тоа е навистина импресивно, – изјави Пикси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни