Поврзете се со нас

Балкан

Пикси ја затвори вратата за една голема српска ѕвезда: Нема да игра за репрезентацијата се додека јас сум селектор

Објавено

на

foto: x.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ Пикси се подготвува за првите квалификациски натпервари на Светското првенство, а оној што следи ќе биде навистина интересен и тензичен поради фактот што „орлите“ ќе играат против Албанија.

Легендарниот Пикси ги избра фудбалерите на кои ќе смета за двата јунски предизвици и во конечната листа повторно изостан Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој едноставно не одговори позитивно на ниту еден повик од Европското првенство во Германија.

После серија откажувања, Пикси реши да пресече и денеска најави дека во иднина веќе нема да го повикува популарниот СМС, фудбалер чија репрезентативна кариера е завршена се додека Стојковиќ биде селектор на Србија.

– Сергеј веќе нема да добива повици за репрезентацијата додека јас сум селектор. Повеќе немам желба, а ниту енергија да убедувам некој да игра за репрезентацијата.

– Сакам да биде познато како стоеја работите со Сергеј. Не е до мене, едноставно после пет разговори, повторно посочи дека не е психички подготвен да игра за репрезентацијата. Тоа е тоа, за мене оваа приказна завршува тука, можеби ќе игра пак под друг селектор, но не додека сум јас тука, – најави Пикси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни