Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер преку Охрид до битка со Вардар за трофејот во Купот

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер е противникот на Вардар 1961 во финалето на Купот на Македонија.

Актуелниот македонски шампион успеа да го добие соочувањето со Охрид и со тоа да закаже супер дерби за пехарот во ова натпреварување. Популарните „гладијатори“ го добија првото полувреме со 12:11, меѓутоа не го задржаа тој ритам и во вториот дел во кој се повреди и Матсуока што беше сериозен хендикеп за домаќините.

Пелистер знаеше тоа да го искористи, да го скрши отпорот на Охрид и дојде до планираниот триумф со кој си обезбедија меч за титула и тоа со најголемиот ривал кој претходно преку пенал драмата го доби Алкалоид.

Кузмановски со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број голови заврши крилото Ојлески.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни