Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Пеколниот ритам“ доби нов застој: Вардар не доби дозвола за патување во Германија (Фото)

Објавено

на

Фото: РК Вардар 1961

Поради новите протоколи од француските власти, Вардар не го одигра ниту вториот предвиден натпревар против ПСЖ оваа сезона, но како што стојат работите, оваа сезона во ракометната Лига на шампиони тешко дека дочека нормална завршница, бидејќи после акумулираните натпревари од првиот дел од кампањата, истиот тренд на заостанати средби продолжува и во вториот дел.

По одиграниот натпревар против Порто, ракометарите на Вардар имаа патешествие додека да се вратат во Скопје, но уште пред да стигнат во нашата престолнина беа известени дека нема да играат против ПСЖ, меч кој беше само еден од низата во „пеколниот ритам“ во кој требаше да играат ракометарите на Алушовски.

Следен на програмата беше натпреварот против Флензбург во Германија, дуел за кој се даваше гаранција дека ќе биде одигран, но на крајот како проблем се покажа гостувањето кое го имаше нашиот тим во Порто. Германските власти ја проценуваат Португалија како „црвена зона“ кога е Ковид 19 во прашање и според протоколите играчите на Вардар поради тамошното гостување ќе мора да минат карантин во Германија, а сето тоа беше добра причина за откажување на мечот со Флензбург.

– Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот во последен момент е ОДЛОЖЕН. Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во “црвена зона“, германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот.

– Планирано беше натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.

ОДЛОЖЕН натпреварот Флензбург – Вардар 1961

Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе…

Posted by RK Vardar 1961 on Вторник, 09 февруари 2021

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни