Поврзете се со нас

Евролига

Пантер трагичар за Барселона, Монако преживеа инфаркт завршница за пласман на Ф4 (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBbasket

Монако го завери третиот билет за фајналфор турнирот во Евролигата, откако во еден исклучително тесен и незвесен дуел со Барселона, на крајот тимот од кнежевството имаше повеќе нерви, но и повеќе среќа.

Во една трилер завршница во која важен беше секој напад, Џејмс ги постигна последниот поени кои му донесоа предност на Монако од 85:84, но Барселона не реализираше два напади за победа, од кои последниот беше навистина болен.

Кевин Пантер ја презема одговорноста и реши да го одлучува побендикот како во времето кога ги бранеше боите на Партизан, но Американецот уште еднаш покажа дека знае да биде и голем трагичар во такви ситуации.

Пантер беше неуспешен во обидот за три поени кога имаше и други опции со свои соиграчи, па со своето промашување го најави славјето на играчите на Монако, но и на сите во салата „Санта Медицин“.

Џејмс со 20 поени беше најдобар поединец во Монако и прерасна во вистински херој во пласманот на Ф4, три помалку постигна Папајанис, додека Пантер залудно беше најефикасен кај Барселона со 19 поени.

Покрај Монако, досега пласман на завршниот турнир во Евролигата обезбедија Фенербахче и Олимпијакос, а последниот патник ќе го дознаеме од дуелот меѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес.

Видеото погледнете го на следниот ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни