Балкан
Панчев: Србија не треба да се грижи за една позиција во наредните десет години

Србија вчера го одигра најдобриот натпревар после подолго време, но сепак тоа не беше доволно за да се урне гранитната одбрана која ја постави Данска во Лесковац.
Гостите успеаја да ги одржат почетните 0:0 и на тој начин се пласираа во четвртфиналето во Лигата на нации, а Србите останува да жалат за пропуштените шанси во претстава која донесе многу позитивни коментари.
Во низата пофални зборови се вклучи и нашиот Дарко Панчев, кој е познат по тоа што е голем фан на Србија поради сите незаборавни моменти кои ги доживеа во Белград.
– Србија одигра извонредно прво полувреме, а во второто беше за нијанса послаба. Како и да е, ова беше најдобар меч на избраниците на Пикси во последните две години. Браво за играчите и стручниот штаб, одбраната беше на ниво, средниот ред беше подвижен, а напаѓачите беа опасни. Недостасуваше само гол за победа, Србија беше подобра, Србија заслужи три бода. На крајот, потребна беше и малку среќа…..
– Голманот Петровиќ заслужува висока оценка, Србија нема воопшто за што да се грижи во наредните 10 години кога се голманите во прашање. Кој и да застане меѓу стативите, секогаш добива комплименти, тоа се случува веќе неколку години. Стоперите извонредно се носеа со силните дански играчи, а бековите можеа да бидат поофанзивни. Средниот ред се разбуди, имаше креација, Самарџиќ е се подобар, а да не се трошат зборови за Живковиќ.
– На ред дојдоа и овие моите. Велам мои, бидејќи цел живот ми беше посветен на давање голови. Митровиќ и Влаховиќ оставија добар впечаток, не ги посака среќата. Митровиќ беше оттурнат во ситуација кога лесно можеше да ја спроведе топката во мрежата, да не беше така, сигурен сум дека ќе дадеше гол. Честитки и за Влаховиќ. Покажа соработка, енергија, подвижност и неколку удари кои за сантиметри минаа крај голот. Ќе дојдат и головите за него, само да сме живи и здрави, – вели Панчев во анализата за „Спорт Клуб“.
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија20 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал