Евролига
Панатинаикос го одбрани домашниот терен и стана последен патник на завршниот турнир

Барселона и Анадолу Ефес се изборија за мајсторки во четвртфиналните серии во Евролигата, но денеска немаа сили да комплетираат целосен пресврт за пласман на Ф4.
Последните два билети за завршниот турнир во Евролигата сепак им припаѓаат на Монако и Панатинаикос, екипи кои на крајот профитираа од тоа што ги играа „мајсторките“ на домашен терен.
Монако победи во инфаркт завршница со Барселона со резултат 85:84, додека Панатинаикос беше доста посигурен и не трепереше за победа до последната секунда.
Грчкиот великан останува во игра за одбрана на тронот во европската кошарка, пред се благодарение на НБА засилувањето Џеди Осман.
Турчинот направи голема разлика на денешниот меч со 28 поени зад своето име, а тоа беше доволно добра мотивација за домашниот тим да оствари победа со резултат 75:67.
ПАО на овој начин го комплетираше кругот од четири екипи на фајналфор турнирот во Евролигата, односно им се приклучи на Фенербахче, Олимпијакос и Монако.
-
Италија23 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија22 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА23 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Англија20 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија19 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија20 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет21 час
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)