Поврзете се со нас

АТП

Падна петтиот фаворит: Бублик се погрижи за сензација и испиша историја на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Александер Бублик обично е задолжен за забава и откачени поени со кои ги насмевнува тениските фанови, а како играч кој нема некој позначаен резултат во својата кариера, сега ја приреди најголемата сензација, а воедно и најголемиот успех за казахстанскиот тенис во машка конкуренција.

По одличните настапи на земјена подлога, Бублик пристигна со голема самодоверба на Ролан Гарос, па така денеска ја оствари и најголемата и најзначајна победа во кариерата.

Бублик го шокираше Џек Дрејпер и го надигра британскиот тенисер по четири одиграни сета, односно направи голем пресврт откако го загуби првиот со 5:7.

Александер возврати со агресивен тенис и ги доби наредните три со 6:3, 6:2 и 6:4, па за првпат покажаа и емоции на еден тениски терен.

Бублик се расплака по првото четвртфинале во кариерата на еден грен-слем турнир, што е и најголем резултат за еден Казахстанец во историјата.

Во оваа рунда, Бублик ќе чека ривал од последниот меч на денешната програма, а тоа е оној меѓу Синер и Рубљов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни