АТП
Откачениот Муте освои луд поен против Ѓоковиќ, Србинот го проследи со насмевка (Видео)

Новак Ѓоковиќ успеа да го мине домашниот предизвик наречен Корентан Муте, па без загубен сет се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.
Српскиот тенисер се соочи и со проблеми со плускавци во завршницата од третиот сет и мораше да прави пресврт за да ја реши работата во максимални три сета, но покрај високото ниво кое го презентираше, сепак и самиот Ноле не остана рамнодушен на еден луд потег кој го режираше ривалот.
Муте веќе некое време важи за „најлуда глава“ во светскиот тенис во отсуство на Ник Кирјос, па статусот на шоумен го потврди и на „Сузан Леглен“.
Станува збор за поен од завршницата на вториот сет, кога Муте успеа со лоб да се одбрани од една скратена топка на Новак, за потоа да режира вистинска лудорија со твинер на мрежа.
Наместо да решава наједноставно, Муте се одлучи за најсложен можен удар, а откако му успеа генијалноста, изнуди насмевка и од противникот.
COCOOO MOUTET 🇫🇷
C'était pas obligatoire, mais Coco est là pour nous donner du SHOWWW
Sympa la réaction de Novak aussi ! pic.twitter.com/YUklSSiHFe
— Romain 🎾🇫🇷 (@RomainNextGen) May 29, 2025
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија11 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Свет24 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Шпанија22 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Шпанија5 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)