Македонија
Одлично дерби за врвот: Струга двапати водеше, Шкупи не се предаде и освои бод

Големото дерби меѓу Струга и Шкупи кое попладнево се играше крај Охридското езеро беше директна борба за првото место на табелата, а тоа можеше да се заклучи и од влогот и пожртвуваноста која ја имаше кај актерите на двата тима.
Натреварот почна со пенал за домаќините кој не беше претворен во гол поради добрата реакција на Иљази во втората минута, бидејќи голманот на Шкупи одлично го прочита Ибраими кој биеше на десната страна.
Првото полувреме донесе интересен фудбал и изостанува само да се тресета мрежите, но така не беше во вторите 45 минути во кои видовме фестивал од голови, но и шанси на двете страни.
Струга поведе со голoт на Шабани и заслужено го направи тоа на стартот на вториот дел, фаза од мечот во кој се чини дека домаќините не го искористија моментумот и дозволија враќање на чаирчани.
Шкупи израмни со првиот директен удар кон голот и тоа го направи Гронер, но радоста на гостите од Скопје кратко траеше, бидејќи Радески ја погоди празната мрежа на Иљази по додавањето од Ибраими.
Ураганското второ полувреме продолжи со уште еден гол и Ратубаје израмни на 2:2 во 74-та минута, а до крајот најголемата шанса одново ја имаа домаќините, но Струга ја погоди само пречката.
На крајот, двата тима мораа да се задоволат со освоен бод, а со овој епилог Шкупи остана на првото место со 42 бода, еден повеќе од денешниот ривал и актуелен шампион.
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија11 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)