Поврзете се со нас

АТП

Невиден малер: Димитров му држеше тениски лекции на Синер, па се повреди и го предаде мечот! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Григор Димитров цели два часа личеше на тенисерот кој многумина го гледаа како можен наследник на Рожер Федерер, па иако изгледаше извонредно во мечот во кој поведе со 2:0 против Јаник Синер, Бугаринот уште еднаш се соочи со најсуровата страна на професионалниот спорт.

Димитров му држеше лекции по играње на трева на светскиот рекет број еден и не му даде никаква шанса во ситуација кога водеше со 6:4 и 7:5, но откако израмни на 2:2 во третиот сет, веднаш стана јасно дека нешто не е во ред.

Бугаринот се повреди при сервисот и веднаш падна на земја откако го освои поенот, па иако во прв момент се обидуваше да се смири со кисела насмевка, во продолжение насмевката се претвори во плач.

Димитров не можеше да ја подигне раката и многу брзо му го предаде мечот на Синер, а тоа значеше дека Италијанецот се пласира во четвртфиналето и покрај тоа што губеше со 2:0.

Синер не беше воопшто воодушевен од ова сценарио и се обидуваше да го смири својот колега, кој на крајот во солзи го напушти централниот терен на Вимблдон.

Јаник е последниот патник во четвртфиналето на Вимблдон, а негов ривал во оваа фаза ќе биде Бен Шелтон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни