Свет
Нестварни сцени на автодромот „Аиртон Сена“: Бразилецот Верисимо си обезбеди статус „трагичар на годината“ (Видео)
Изминатиов викенд на програмата беше трката од Супербајк шампионатот во Бразил, а од истата ни пристигнаа навистина неверојатни сцени кои се навистина ретка слика од познатите мотоциклистички натпреварувања.
Бразилецот Андре Верисимо е прогласен за трагичар на сезоната во Супербајк шампионатот во оваа јужно американска земја, бидејќи на последната трка која се возеше викендот, испушти победа поради прерано славје на автодромот во Гојаш кој го носи името на легендариот Аиртон Сена.
Верисимо имаше голема предност пред двајцата конкуренти, но одлучи да ја тргне раката од рачката за гас и почна да слави стоејќи на мотоциклот, но се покажа дека финишот е предалеку за него во ситуација кога Освалдо Филјо и Марсело Скаф со полна гас прелетеа на стартот на целната рамнина.
Андре изрежира таканаречена „стенд-ап“ комедија која за него се претвори во трагедија, па експресно наиде на огромен сеир на социјалните мрежи откако загуби „добиена трка“ и мораше да се задоволи само со третото место на пиедесталот.
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија13 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија15 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија21 час
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија20 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)