Балкан
Несторовски не настапи поради суспензија, Митровски со гол донесе победа за Вараждин (Видео)

Вараждин се зацврсти на петтата позиција во првата фудбалска лига во Хрватска и сега може да размислува на напад на четвртата, откако овој тим попладнево го доби директниот дуел со Славен Белупо.
Четвртопласираниот тим на табелата го пречека Вараждин без суспендираниот Илија Несторовски, а тоа знаеја како да го искористат гостите кои интересно славеа со гол на македонски фудбалер.
Репрезентативецот Димитар Митровски беше човек на одлука и го постигна голот за победа на Вараждин, а со тоа оправдано го понесе и епитетот играч на натпреварот.
Митровски погоди во 62-та минута со одмерен удар во долниот агол од голот на Славен Белупо, па иако имаше уште доста за игра, тоа се покажа како решавачки момент на мечот.
Покрај Митровски, стартер за Вараждин беше Марио Младеновски, додека во завршницата шанса доби и Ване Јованов.
DIMITAR MITROVSKI'S GOAL FOR 0-1!
BIG GOAL IN THE 4TH PLACE BATTLE!#HNL #SLBVARpic.twitter.com/CBYJz4oHe0
— Croatian Football (@CroatiaFooty) April 22, 2025
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија11 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Шпанија22 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет24 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија5 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)