Македонија
Нестор Џиролами: Му честитам на Давидовски, покажа капацитет!

Аргентинецот Нестор Џиролами е една од ѕвездите на светскиот туринг шампионат, каде што настапува со Хонда, а во моментов со екипата се борат за второто место во конструкторскиот поредок.
На почетокот од сезоната во ТЦР Европа, тој го замени Виктор Давидовски во седиштето на неговата Хонда подготвена за ПСС Рејсинг, при што во една од двете трки возени на патеката „Пол Рикар“ крај Марсеј освои подиум за македонскиот тим (беше второпласиран), со што на најдобар можен начин му се оддолжи на тимот кој не доби дозвола да патува во Франција.
На крајот од сезоната, Нестор беше присутен на последната трка во Харама, каде што овој пат неговиот брат Франко седна во Хондата на ПСС Рејсинг, па заедно со Давидовски се обидоа да извадат максимум од трката во која организаторите имаа подготвено „БоП“ (Balance of Performance), кој не одеше во прилог на јапонските автомобили.
По крајот на викендот и спуштањето на завесата за 2020, Џиролами беше достапен за телефонско интервју за „Дерби“.
ДЕРБИ: Како го доживеа овој викенд во Харама гледајќи ги Франко и Виктор во акција?
– Бев импресиониран од она што го видов! Мојот брат е исто така тркачки возач во Аргентина, па тука дојде да види на кое ниво се наоѓа моментално наспроти конкуренцијата. Ги следев времињата од боксот, обајцата немаа среќа со сударите, но беа брзи и покрај се. Виктор покажа огромен капацитет, беше во десетинки разлика со најдобрите возачи на ова првенство, дури на одредени сектори на патеката беше и најбрз од сите возачи на Хонда. Успеа да ги следи најдобрите и во трка, особено во втората, на првата обајцата имаа судари што ги компромитираше нивните возења. Среќен сум и за брат ми, доби шанса, верувам дека може повеќе, но треба да се работи на тоа идната година да има повеќе трки.
ДЕРБИ: Можна ли е таква комбинација за цела сезона, Виктор и Франко да бидат тимски колеги во 2021 година?
– Јас искрено го посакувам тоа и најавувам дека ќе работам напорно за тоа да се случи. Овој тим е симпатичен, јас сум им многу благодарен. Тие се многу блиски, ги сакаат трките, одлично се разбираме. Би рекол, тие се како мое семејство. Мојата прва трка со ПСС Рејсинг беше добра, можеби немав најдобри квалификации, но на крајот сепак освоив подиум. Виктор ми дозволи да возам наместо него и јас сум му многу благодарен за довербата.
ДЕРБИ: Можеш ли да направиш споредба во моментов меѓу светската серија и европската серија на ТЦР?
– Искрено, најголемата разлика е во бројот на професионални возачи. Во ВТЦР едноставно нема слаб возач, сите се професионалци, а и возилата се одлично подготвени. Би рекол дека во другите сегменти нема големи разлики, па ако кажеме дека ВТЦР е 100%, тогаш мислам дека може да се рече дека ТЦР Европа е околу 80% од тоа ниво. Драго ми е дека на волку силно ниво ПСС Рејсинг опстојува и успева да создава континуитет, тоа не го може секој, едвај десетина екипи во Европа можат да се пофалат со таква биографија!
-
Англија10 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија16 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија18 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)