Италија
Неколку дена откако потпиша нов договор: УЕФА официјално покрена истрага против Ибра, му се заканува крај на кариерата
Златан Ибрахимовиќ минатата недела стави потпис на нов едногодишен договор со Милан и тоа го прослави со огромно задоволство, но покрај тоа што заработи повреда поради која не настапи на вчерашното дерби со Лацио, Швеѓанецот сега и официјално се наоѓа во големи проблеми во ситуација кога сака да игра фудбал и во петтата деценија од животот.
Ибра набрзо ќе наполни 40 години како активен фудбалер, но УЕФА сега и официјално покрена истрага против него откако постоја реални сомнежи дека го прекршил ФИФА и УЕФА кодексот поради тоа што се поврзува со сопствеништво на една компанија која се занимава со обложување.
Станува збор за компанија во Малта за која се верува дека Златан има улога на ко-сопственик, па доколку се докаже дека го прекршил членот 12 од кодексот на УЕФА кој забранува директно или индиректно учество на професионални фудбалери во обложување, тогаш ќе следи ригорозна казна.
Шведскиот весник „Афтонбладет“ пред две седмици детално објасни дека искусниот голгетер е во голема неволја поради нарушување на етичкиот кодекс, прекршок за кој доколку се докажа дека е виновен, нормално би било да сноси потешка спортска санкција.
Најстрога казна од ФИФА за вакви случаи е забрана за професионално играње фудбал во период од три години, што доколку биде применето и од УЕФА, значи дека неодамна потпишаниот договор на Ибра со Милан ќе биде незначаен, а воедно ќе го примора напаѓачот да стави крај на кариерата.
-
Англија23 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Шпанија18 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП22 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…
-
АТП14 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)